Руското МВР распиша потерница по Зеленски

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На сајтот на министерството за внатрешни работи на Русија се појави известување дека украинскиот претседател Володомир Зеленски се најде на потерница.

Се додава дека Зеленски се бара поради кршење на рускиот кривичен законик.

Фотографија на Зеленски и неговите податоци се објавени на сајтот, но повеќе детали не се објавени.