УЛИЦАТА ЛЕНИНОВА ВО ДЕБАР МААЛО БЛОКИРАНА ОД ПАДНАТО ДРВО

    УЛИЦАТА ЛЕНИНОВА ВО ДЕБАР МААЛО БЛОКИРАНА ОД ПАДНАТО ДРВОДрвото е паднато кај кружниот тек на крстосницата со улицата Орце Николов. (Фото: СДК.МК)

    Улицата Ленинова во скопско Дебар Маало попладнево е затворена за сообраќај поради паднато дрво. На крстосницата на Ленинова со улицата Орце Николов во делот кај кружниот тек се скршило дрво, односно голема гранка, која е падната на самата улица.

    Во моментов на самото место се неколку полицајци кои го пренасочуваат сообраќајот и чекаат да дојдат екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ да го отстранат дрвото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира