Дома МАКЕДОНИЈА ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

ЦУК: Пронајдено повозрасно лице изгубено на Плачковица

262

Како што денеска соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК),лицето е пронајдено околу еден часот по полноќ од страна на спасувачите од Доброволната планинска спасувачка служба „Осогово“ од Кочани откако во 18:08 часот на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена информација за исчезнато лице.

-По јавувањето на 112 во ЦУК, имаше потрага по изгубено повозрасно лице на планината Плачковица, што заврши успешно. Спасителите од Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани го пронајдоа околу еден час пред полноќ.

Конкретно, кон крајот од денот – во 18.08 часот, на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК беше добиена информација за исчезнато лице на 66 годишна возраст. Лицето заедно со негов пријател дента се упатиле по пешачка патека кон езерото Дивичев Вир на планината Плачковица. Но, при крајот на денот, пријателот се вратил дома, а 66-годишникот возраст не, бидејќи се изгубил во планината. Случајот бил веднаш пријавен во Полициската станица Кочани.

Во потрагата на лицето прво се вклучиле членови од неговото потесно семејство. За итниот случај, од ЦУК биле известени ДЗС од Кочани и Горска служба, а на потрагата се приклучиле и други субјекти од локалната самоуправа.

Регионалниот ЦУК Штип пред полноќ информираше дека изгубеното лице на Плачковица е пронајдено живо и во добра состојба во 22.50 часот, од страна на членови на Доброволна планинска спасувачка служба „Осогово“ Кочани.

Лицето, поради подолгиот престој на студено време во планината, од спасителите било згрижено и прво затоплено, а потоа и безбедно спуштено до с.Зрновци, каде што имало возила на Полиција и на Итната медицинска помош од Кочани, информираат од ЦУК.