Се поклонивме на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување по 8-ми мај, изјави Мицкоски

-На сите православни христијани им го честитам Христовото воскресение, им посакувам на сите граѓани во Македонија и насекаде во светот, благосостојба, мир, љубов, хармонија во домовите и во нивното семејство. Ова се денови кога православните христијани го слават Христовото воскресение, нешто што за нас многу значи. Ќе потенцирам дека ова се денови кога треба да ги минеме во хармонија и во обединување.

Истовремено, истакнувам дека денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев, со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно по осми мај. Нешто што треба да биде императив. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат. Ја изразувам моја најдлабока лична почит кон македонскиот великан Гоце Делчев. од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и Коалицијата „Твоја Македонија“, рече Мицкоски.