Инцидент во близина на Париз: Едно лице е убиено, а неколку се повредени при пукање на паркинг

48

Едно лице е убиено во текот на ноќта, а неколку се тешко повредени во напад на оружени лица во Сен Сен-Дени, сиромашен град на истокот на Париз, пренесоа француските медиуми.

Инцидентот се случил околу полноќ, наведува сајтот Акти 17, додека агенцијата Франс прес извести дека четири лица се повредени со огнено оружје, а едно од нив починало.

Повредените се префрлени во блиската болница во околината на Париз.

Онјлајн телевизијата БФМТВ јави дека инцидентот се случил на паркинг, каде што едно лице излегло од возило, почнало да пука и потоа избегало.

Тамошното обвинителство отври истрага за убиство.