Фото: Маја Јаневска Илиева

Денеска рано изутрина  од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, тргна доверливиот гласачки изборен материјал до општинските изборни комисии.
Според првиот човек на Печатницата „Киро Дандаро“, Петар Милошевски дистрибуирани се 3.600.000 ливчиња, за кои беа потрошени 40 тони хартија. Диструбицијата на гласачкиот материјал се одвива според претходна одобрена  процедура од страна на ДИК и сите општини во  државата навреме ќе го добијат
избирачкиот материјал – истакна директорот на Печатницата „Киро Дандаро“ Петар Милошевски, кој во изјава за медиумите истакна дека печатењето на доверливиот изборен материјал  траело околу 15 дена и се одвивало во присуство на стручни лица од ДИК и ОБСЕ.

Од тие 15 дена, десет дена се печатеа ливчињата за парламентарните избори, а 5 дена за претседателските.
Инаку според зборовите на претседателот на ДИК, Александар Даштевски подготовките за изборите на 8 мај, за вториот круг на претседателските и парламентарните избори се успешно завршени.
-Сега многу поефикасно од вообичаено го дистрибуиравме и доверливиот изборен материјал со кој мора да се внимава како се дистрибуира. Имаме ангажирано  околу 20   екипи и многу побрзо ќе оди работата и на време ќе биде дистрибуиран изборниот
материјал за да на денот на гласањето немаме никакви проблеми- рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски, кој напомена дека изборниотт процес во првиот круг на претседателски избори помнал во мирна, фер и демократска атмосфера и дека ДИК за изборниот процес добил пофалби од ОБСЕ.

Изборен материјал
Фото: Менде Младеновски
Изборен материјал
Фото: Менде Младеновски