САД го осудуваат нападот врз кампот за раселените во источно Конго

Соединетите држави силно го осудија нападот во петокот врз бегалскиот камп во источно Конго, во кој загинаа најмалку 12 лица а уште повеќе од 20 беа ранети, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека нападот дошол од позиции што ги држеле Одбранбените сили на Руанда (RDF и бунтовничката група М23, поддржана од Руанда.

САД се „сериозно загрижени поради неодамнешното проширување на RDF и M23“ во источно Конго, се вели во извештајот.

Двегодишната офанзива на бунтовниците М23 во последниве месеци се приближи кон градот Гома, во источно Конго, принудувајќи илјадници луѓе од околните области да бараат засолниште во градот.