Breaking News

Тројца повредени во руски напад врз Харков


– Остатоци од соборени руски беспилотни летала рано утринава погодија цивилни цели во Харков, вториот по големина град во Украина, при што беа повредени три лица и предизвикаа пожар во деловна зграда.


Регионалниот гувернер Олех Синехубов на Телеграм информира дека 13-годишното дете и една жена се хоспитализирани. На друга жена и била укажана помош на лице место.


Службите за итни случаи го ставаат пожарот под контрола, додаде тој. јт/Фото: Телеграм .

Извор: МИА