Breaking News

Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети


– Руските системи за противвоздушна одбрана уништиле четири ракети со долг дострел ATACMS испратени во Украина од САД и лансирани од Киев врз полуостровот Крим, соопшти утрово руското Министерство за одбрана.


Сè уште не се познати обемот и влијанието на нападот на Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година. Киев сè уште јавно не ги коментирал тврдењата на Русија. јт/Фото: МИА архива .


Извор: МИА