Двајца загинати во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

by fokus

Двајца возачи загинаа, а една жена е повредена во страотна сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип.

Загинатите управувале со автомобилите марка „опел“ и „пасат“ кои попладнево директно се судриле на магистралниот пат Радовиш-Штип.

Сопатничката од едното возило е повредена и е пренесена во штипската болница. Возачите загинале на лице место.

Поврзани новости