Дури 11 гола во првите полуфинални натпревари во Конференциската лига

Дури 11 погодоци беа постигнати во првите два натпревара од полуфиналето на фудбалската Конференциска лига, минатогодишниот финалист Фиорентина на домашен терен го совлада Клуб Бриж со 3:2 (2:1), додека Олимпијакос како гостин ја победи Астон Вила со 4:2 (2:1).

Во Фиренца домашните поведоа со 1:0 и 2:1 со головите на Сотило (5) и Белоти (37) пред гостите да израмнат преку Ванакен (17-11м) и Игор Тиаго (63), но Фиорентина сепак во самата завршница ја искористи предноста од играч повеќе која ја имаа повеќе од половина час и преку Нзола (90+2) оствари минимална предност пред реваншот/

Во Бирмингем, Олимпијакос ѝ контрираше на Астон Вила и по половина час поведе со 2:0 преку Ел Кааби (17 и 29). Домашните израмнија со головите на Воткинс (45+1) и Дијаби (52), но Ел Кааби (56) со својот трет гол, овојпат од пенал, а Хеза (67) им обезбедија на гостите голема предност во пресрет на реваншот.

Реваншите се закажани за една едмица во Бриж одноно Пиреја, а се вкупните победници ќе се сретнат во финалето на 29 мај во Атина.