Лига Европа: Победа на Баер во Рим

Новиот германски фудбалски првак Баер Леверкузен дојдедо победат од 2:0 (1:0) на гостувањето кај Рома во првиот натпревар од полуфиналето на Лига Европа. Во 73. минута Андрич со убав удар го претвори во гол додавањето на Станишиќ. Првиот гол за новиот шампион на Германија го постигна Вирц во 28. минута.

Аталанта ремизираше 1:1 (1:1) на гостувањето кај Олимпик во Марсеј. Скамака ги доведе гостите во водство во 11. минута, а Мбемба израмни во 20.

Реваншите се во Леверкузен и Бергамо за една седмица, а севкупните победници ќе се сретнат во финалето во Даблин на 22-ри мај.