ПОРАНЕШНИТЕ СОЈУЗНИЦИ СТАНАА НЕПРИЈАТЕЛИ: Турција ја прекина сета трговија со Израел поради војната во Газа

852

Турција од денеска ја прекина сета трговија со Израел поради војната во Газа, што ги влошува и онака високите тензии меѓу некогашните блиски сојузници, пишува Блумберг, повикувајќи се на изјави на двајца неименувани турски претставници запознаени со ова прашање.

Потегот, со кој се прошируваат минатомесечните ограничувања за извоз на некои турски производи во Израел, дојде еден ден откако Турција ги објави плановите да се приклучи на тужбата поднесена од Јужна Африка до највисокиот суд на Обединетите нации против Израел поради наводниот геноцид на палестинската територија.

Анкара официјално не го објави суспензијата и не е јасно под кои услови ќе продолжи трговијата.

Трговската размена меѓу земјите во 2023 година изнесуваше 6,8 милијарди долари, од кои 76 отсто се турски извоз, соопшти турскиот статистички институт.

Израелската влада ќе работи на создавање на непосредни алтернативи за трговија со Турција преку зголемување на локалното производство и наоѓање други добавувачи, изјави израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац.

– Ова е однесување на диктатор кој ги гази интересите на турскиот народ и бизнис заедницата, игнорирајќи ги меѓународните трговски договори, рече Кац на платформата Х.

Најголемиот извоз на Турција во Израел во 2023 година бил железо и челик, додека најголем дел од увозот бил рафинирани нафтени деривати, според Турскиот статистички институт.

Израел и Турција ги вратија дипломатските односи минатиот август по една деценија напнатост, додека Хамас не започна напад врз еврејската држава на 7 октомври, предизвикувајќи војна во Појасот Газа.

Ердоган ги нарече милитантите на Хамас „борци за слобода“ и постојано го критикуваше однесувањето на Израел во војната, во која беа убиени 34.000 Палестинци, според здравствените власти во Газа.

За разлика од САД и ЕУ, Турција не ја смета групата за терористичка организација.

Ердоган беше домаќин на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, во Истанбул на 20 април, повикувајќи на итна помош за Газа.