ИТНА, НО ТАЈНА СРЕДБА: Шолц и Макрон тајно вечераа воочи доаѓањето на Џипинг во Европа

279

Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон на вечера во Париз на која ќе разговараат за Европската унија и политиката кон Кина, пред доаѓањето на кинескиот претседател Си Џинпинг во Европа, пишува бриселскиот портал Политико.

Тајната средба на двајца важни лидери на ЕУ, само неколку дена пред посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Европа, се опишува како полуприватен настан: Шолц и неговата сопруга Брита Ернст се на краток одмор во француската престолнина, каде што ќе се сретне со Макрон и неговата сопруга Брижит во француски ресторан, според Политико.

Советниците не учествуваат на состанокот, рекоа три лица кои имаат сознанија за вечерата и кои сакаа да останат анонимни бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за тоа.