Силјановска-Давкова: Нема потреба од двојно мнозинство за формирање Влада

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи, денеска кажа дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер.

На ова одговори Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации коа се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.