Разочарувачки продолжен викенд: Македонија за Велигденските празници под влијание на циклон

7502

Нашата територија се наоѓа под влијание на циклонска активност од запад. Во исто време од север, особено утре и во сабота ќе се спушти посвежа воздушна маса која ќе ги спушти температурите под просекот за почетокот на месец мај, прогнозира Славчо Попоски.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде застапени во форма на невреме со појава на град и електрични празнења. Поради падот на температурите, на највисоките планини на запад и северозапад ќе има повремени врнежи од снег. Утре и во сабота ќе дува засилен ветер, повремено и локално со брзина од над 60 км/час.

Утре тој ќе биде од западен и од југозападен, а во сабота од северен правец. За време на овие два дена локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20 л/м2). И во Скопје и околината ќе има повремени врнежи од дожд, во делови од котлината поројни и проследени со грмежи и со засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Наутро пак тие на повеќе места ќе бидат и под 10, понекаде дури и под 5 степени, вели Попоски.