Проверено сузбива мамурлак: Ако сте претерале со алкохолот, ова е идеално решение за утрото потоа

102
Пекселс

Ако имате дома моркови, рен и кромид, идеално време е да направите салата за мамурлак и на тој начин да ја ублажите главоболката што доаѓа по прославата.
Покрај тоа што помага при мамурлакот, оваа салата е и многу вкусна, па може да се јаде во секое време и со речиси секое јадење.

Состојки:
1 корен од рен

2 моркови

1 главица кромид

1 чаша јаболков оцет

1 целер

лажица маслиново масло

Подготовка:
Зеленчукот исчистете го, ситно изрендајте го и прелијте го со оцет и маслиново масло. Сите состојки се мешаат и се оставаат во фрижидер околу еден час.

Со оглед на тоа што многумина сакаат да јадат нешто кисело утрото после забава, оваа салата, која може да се користи и како прелив, е идеална за мамурлак, а воедно е и многу вкусна.