Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ, вели Пендаровски

by Fokus

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ, се огласи актуелниот претседател Стево Пендаровски на социјалната мрежа Х.

„Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни.

И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка“ порача Пендаровски.

Силјановска Давкова претходно објави фотографија од неа и водителот на дуелот, но без нејзиниот противник, актуелниот претседатело Пендаровски.

Поврзани новости