Охриѓанец тешко повредил 84-годишна жена, ја турнал за да и ја украде чантата

by Fokus

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“.

Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи.

Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди.

Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи.

Поврзани новости