Часовникот отчукува, Софија Вергара не бира како порано: Тешко е да се најде некој на 52 години!

422
Фото: Instagram

Во интервју за People, Софија Вергара искрено призна дека ставила точка на бракот со Џо Манганиело откако тие не се согласиле за проширување на семејството. Џо сакаше Софија да забремени, а актерката на 52 години рече дека е доволно! Вергара и денес тврди дека донела вистинска одлука.

„Има работи во животот кои можеби звучат како добри идеи, но не се. Јас сум веќе мајка. Знам што значи да се биде добра мајка или да се трудиш да бидеш најдобра мајка што можеш, а за тоа е потребно многу жртви, многу енергија. Не сакав да забременам без да му дадам 100 отсто од себе на детето што ќе го донесам на светот“, изјавила Софија.

Софија долго време е во Холивуд.

Тешко е да се најде вистинскиот кога сте централна медиумска ѕвезда.

„Но, едноставно се навикнуваш на тоа. Доаѓа со славата, па не може премногу да се жалите“, свесна е Софија за ситуацијата.

Таа е во врска со хирургот Џастин Салман. Сепак, таа не сакаше да зборува премногу за тоа. Таа само искрено откри дека веќе не е во години кога може да бира.

„Мислам, веќе е тешко за една педесетгодишна жена да најде некого. Сега нема да бидам пребирлива“, признала Софија.

„Староста“, пак, ја радува.

„И сега се чувствувам одлично. Знам дека не изгледам исто како порано. Но, јас сум посилна од кога било“, заклучи Колумбијката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)