Петар Грашо со емотивната порака: „Држи се Македонијо, држи се Скопје“!

1965

Естрадната ѕвезда Грашо светна во полн сјај. Почнувајќи од актуелната балада „Ако те питају“, па потоа и со: „Два пут сан умра“, „Цесарица“, „Срце за водича“, „Волим и постојим“, „Уторак“, „Ко нам душо брани да нам буде као лани“, „Љубав једне жене“, „Никога нисам волио тако“, „Што је од мене остало“…..  И тоа на сите три скопски концерти во преполна „Македонска филхармонија“

Не постои тајната и зошто би била тајна неговиот долгогодишен успех кога се во прашање концертите  на мегапопуларниот далматински пејач Петар Грашо! Тој има една слатка навика поголемиот дел од репертоарот од песните да ги пее токму на тој лесно певлив и прифатлив далматински „јазик“, кој Македонците, докажано многу го обожаваат. Со тоа уште повеќе за два-три часа, колку што траеше и ова музичкото патување со пејачот, публиката преку тие песни, барем во мислите се најде таму на убавото Јадранско Море, на сплитската рива, на прошетките по Страдун, на некој брод, на сончева морска плажа, под маслините, во некоја коноба со добрата беванда и морска риба….

Како и секогаш, Грашо и сега звучеше светски, во сè што отпеа. Почнувајќи од актуелната балада „Ако те питају“, па понатаму: „Два пут сан умра“, „Цесарица“, „Срце за водича“, „Волим и постојим“, „Уторак“, „Ко нам душо брани да нам буде као лани“, „Љубав једне жене“, „Никога нисам волио тако“, „Што је од мене остало“…..На тој начин естрадната ѕвезда, Грашо, светна и овој пат во полн сјај. И тоа на сите три скопски концерти во преполна „Македонска филхармонија“ а, во одлична организација на дечките од „Прагма-продукција“.                                                                              Таа непресушна заемна љубов трае уште од 2001 година кога во „Универзална сала“ тој и неговиот сограѓанин Оливер Драгојевиќ (во меѓувреме за, жал починат) преку песните го „запалија“ Скопје.

Ова сегашното концертно другарување, Петар го започна со зборовите: “Драго ми е што овие празници се во знак на моите концерти. Држи се Македонијо, држи се Скопје!“ Тоа на многумина им зазвучи и малку поинаку, не само како музичка порака. Туку во ова време на македонските избори и како порака дека и самиот Петар искрено навива за една мирна, спокојна, сложна, богата, весела, Македонија, во која тој и понатаму со задоволство ќе доаѓа да ни пее. Бидејќи кај нас, како што истакна се чувствува исто како да е дома во Сплит. И навистина така и беше. Имаше и причина за тоа.

Со Петар во Скопје, а за да им ја исполни желбата, беше дојдена и целата негова потесна фамилија:  мама и тато, неговите родители Снежана и Зоран, ќеркичката Алба и сопругата Хана Хуљиќ-Грашо. Петар целиот блескаше од среќа! Не само што тука му е семејството, туку и кога ги евоцираше спомените со Оливер Драгојевиќ кој во Сплит му беше сосед. Драгојевиќ уште на 16 години го открил големиот музички талент на Петар, кога тој му ја прорече судбина, да си ја следи музиката бидејќи за тоа е роден.

Слушнавме интересни приказни и за неговите соработки со хитмејкерите Арсен Дедиќ, Ѓорѓе Новковиќ, но и со Тончи Хуљиќ, кој сега е негов тест, односно неговиот „пунац“, како што Грашо го кажа тоа во оригинал.                                                                    Покрај прекрасните балади, публиката жестоко танцуваше кога Петар ги испеа песните „Ми недостасуваш ти“ и „Ние танцуваме“, кои и ако се од репертоарот на Драгојевиќ и групата „Прљаво казалиште“, тој ги донесе на својот симпатичен начин, свирејќи ги на клавирот.

Разделбата со воодушевената македонска публика беше одвај изводлива, па сепак се случи со баладата „Вјеруј у љубав“ од репертоарот на неговиот некогашен сосед, Оливер Драгоевиќ, а кој вечно живее во спомените на Грашо.

Д.М. фото: Вечер