Ново детско игралиште во дворот на Домот на културата

23

Ново детско игралиште се гради во дворот на Домот на култура „Илинден“.

Од Општина Илинден соопштија дека детското игралиште ќе биде опремено со гумен под, ќе биде оградено со панелна ограда, опремено со детски реквизити како лизгалка, форми на коњчиња, клацкалки, лулашка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и партерно уреден простор со павер елементи.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски информираше дека новото детско игралиште ќе биде одлично надополнување на целиот комплекс, а дечињата и од овој дел на населбата ќе имаат одлично катче за дружење и рекреација, каде ќе можат да го поминуваат слободното време во игра и забава.

Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, кои ќе се реализираат во наредниот период и во останатите населени места.