Благоја Грујовски: Беше новинар, а стана фолк-ѕвезда – “А, бре, не биди прост, пробај“, лутито ми велеше татко ми

6613

Денот Д непланирано ми го сврте животот. Татко ми понуди една песна која наводно му останала за некој друг.  И ми вели мојот Мате: “Сакаш да снимиш една песна? Не бре какво снимање, таман се спасив од естрадата“

Благоја Грујовски премногу добро познато македонско музичко име, деновиве се присети на некои дамнешни родителски зборови од страната на неговиот татко Мате Грујовски, кој исто така беше познат музичар:  “Татко ми инсистираше да бидам музичар, не новинар, и ако завршив на Факултет за новинарство. Но и да не бидам тезгарош во музиката“, објасни Благоја.

Но, дали знаете дека Баже-супер маже, како што жените нагалено го ословуваат е роден во Белград, во Србија? Се соменавме во тоа дека овој податок ви е познат.          И ако е роден во српската метропола, по линијата на мајка му која е по потекло од Србија, корените на Баже му се од македонско Лазарополе.

Што се однесува до аферите и трачевите, тие се секогаш лепат за неговото име, особено тоа го прават жените: „Јас не сум таков како што ме зборуваат дамите. Кој би кажал, но јас сум повлечен, семеен човек. И ако имам два брака, тоа не е причина поради која лошо ме озборуваат. За мене е брак мирно пристаниште во кое мажот и жената треба да си го најдат се она што си го посакуваат. Затоа сум присталица на бракот помеѓу мажот и жената, како вечна непомината институција. Само така можеме и да опстоиме како нација“.

Освен тоа Благоја Грујовски како поранешен новинар, знае да раскажува интересни моменти од неговиот најчесто професионален живот.

-Хитот “Туѓино јабано“ ми се случи случајно. Немав за цел да станувам тоа што сум денес, ама ете така требало да биде. Јас си бев новинар во радио Скопје-македонско радио, со сите нишани, но воедно свирев саксафон. Но воопшто немав желба да сум на естрадата. Музиката ми беше само како хоби, а настапите ретки, и тоа само преку викенд.

Судбината ми се случи со настапот на тогашниот фестивал “Цветници 93“. И во последниот термин во студио кога требаше да се снима таа фестивалска песна, тие што требаше да пеат не беа нешто добри со гласот и некој мораше да ја испее песната. И, покажуваа со прст на мене. Ме фатија од двете страни со рацете и ме внесоа во студио. Мораш, ми викаа! Знаеа дека можам одлично да пеам, само што немав потреба, ниту желба.

И ете така, јас ја снимив таа песна “Туѓино јабано“. Кавалчето тука одигра најбитна улога. Всушност тоа кавлче,си беше во куферот со саксофонот. Се мислевме што да има соло, какво соло во песната? Ставивме со групата осум такта,а тоа се покажа како бум. Ни на крај памет не ни беше идеата дека токму таа песна толку многу ќе успее. Јас и понатаму живеев во тој новинарски свет, со редакцијата во радиото, и одбивав да сум на естрадата.

Меѓутоа, денот Д сосема непланирано ми го сврте животот. Татко ми понуди една песна која наводно му останала за некој друг. И ми вели мојот Мате: “Сакаш да снимиш една песна“? Не бре какво снимање, таман се спасив од естрадата“, му возвратив одсечно. „А, бре, не биди прост, пробај“, ми велеше татко ми, малку лут од секојдневна негова ситуација на убедување.

– Е, добро, која ти е таа песна? „Јано мори, Јанинке“, вели татко ми. И ете така, се сними песната, која за помалку од месец дена стана национален хит. Се случи пресвртница во мојот живот. Почнаа да ме бараат, токму за тезгите, кои татко ми ич не ги поднесуваше.  Така се јавија од Тетово да ме ангажираат за една Нова година. Влетав во таа естрадна машинерија, без да сакам. Притиснат од сите страни.                Дури не помогна ни моето објаснување, дека не сум пејач, дека сум новинар. На тоа сигурни во себе ми возвратија, дека не им е тоа битно што не сум пејач, само да дојдам да им пеам!

Д.М.