Бесплатен паркинг за празниците

640

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нема да се врши наплата в понеделник на 6.5.2024 година. Исто така, наплата нема да се врши и на јавните паркиралишта: Тутунски комбинат, Зоил и 8 Септември.

Редовна наплата ќе се врши на: – Зона А0 Водно, катните гаражи: „Беко“ и „26 Јули“, јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт, Треска и Клинички центар „Мајка Тереза’.

Паркирањето пак во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани. На 03.05. (петок), 05.05. (недела) и 06.05.2024 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“. Сабота е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 07.05.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.