Македонија
2. May 2024 - 12:33

Меѓусебни обвинувања во левицата

Резултатите од првиот круг на претседателските избори дополнително ги зголемија разликите во левицата, па веќе неколку дена актуелна е кавгата меѓу СДСМ и ЗНАМ откако Максим Димитриевски отворено го повика раководството на Бихаќка да си поднесе оставка, а разочараните членови да му дадат поддршка.

Ковачевски ја одби понудата обвинувајќи го дека се продал на политичкиот противник. Стрели се испраќаат и кон десницата од каде пак ја очекуваат поддршката на Димитриевски за нивниот претседателски кандидат во вториот круг. Димитриевски побара од Мицкоски да се дистанцира од гласините за соработка со Заев, што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ експресно го направи на последниот партиски митинг.