Македонија
2. May 2024 - 12:29

Велигденска хуманитарна акција во Струмица

Хуманитарна велигденска акција на фондацијата Елеуса, поделени околу 180 празнични пакети

Љубовта е давање, а давањето е радост, под оваа мото фондацијата Елеуса од Струмица реализираше хуманитарна Велигденска акција за семејствата во социјален ризик. Благодарение на хуманите луѓе, фондацијата обезбеди празнични пакети за околу 180 семејства и на тој начин овозможи и тие да ја почувствуваат радоста на големиот празник и да имаат пристојна трпеза. Најголемиот дел од пакетите беа  наменети за семејства од општините кои припаѓаат на струмичката епархија.

За разлика од Божиќната акција кога пакетите беа подготвени со помош на учениците у вработените во основните училишта, за Велигденската тоа беше направено преку два хуманитарни концерти на кои присуствуваа голем број хумани граѓани.

Празничните акции на фондацијата Елеуса се традиционални и се реализираат неколку пати во текот на годината за време на големите христијански празници. Како дел од нивата хуманитарна дејност повеќе од една година тече и проектот ,,топол оброк за сите'' преку кој околу 50 лица секојдневно,  седум дена во неделата добиваат топол оброк.