Breaking News

ЕУ додели една милијарда евра на Либан за да го запре приливот на мигранти


Помош од ЕУ вредна една милијарда евра за запирање на протокот на мигранти денеска во Либан ќе ја објават претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и кипарскиот претседател Никос Христодулидис за време на нивната заедничка посета на оваа блискоисточна земја, јави ДПА, повикувајќи се на информации од извори.


Кипарската влада неодамна го привлече вниманието на меѓународната заедница на неможноста да се ограничи зголемениот број сириски мигранти кои го напуштаат Либан и ја повика ЕУ да преземе мерки.


„Врските меѓу Либан и Европа се длабоки. Претседателот Христодулидис и јас сме тука да констатираме дека ЕУ цврсто го поддржува Либан и неговиот народ.

И сакаме да ја зајакнеме нашата долгогодишна соработка“, напиша Фон дер Лејен на социјалната платформа Х.


Парите од Европската унија ќе бидат искористени за подобрување на здравството, образованието и социјалната заштита во Либан, изјавија претставници на ЕУ за ДПА.

Дел од средствата ќе бидат наменети за националните безбедносни сили, како и за борба против шверцот, за економски и финансиски реформи, прецизира агенцијата. паг/Фото: ЕПА      .


Извор: МИА