Подгответе се за целосна дестабилизација на времето, следуваат врнежи и невреме

1363

Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на денешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално, и тоа особено во централните, како и во источната половина од државава процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со силни и чести електрични празнења, силен ветер  и со појава на град. Токму поради очекуваната појава на електрични празнења, апелираме граѓаните да бидат крајно претпазливи, односно да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја, пишува метеорологот Славчо Попоски на метеоаларм.мк.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје и околината исто така од пладневните часови ќе има појава на повремено пороен дожд, грмежи и засиллен ветер. Во делови од котлината можна е и појава на невреме, проследено со силен ветер  и со појава на град. Температурата на воздухот денес во Скопје ќе се искачи до околу 23 степени.