Breaking News

Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград


Регионалната конференција за енергетика, Белградскиот енергетски форум, ќе се одржи на 13 и 14 мај 2024 година.


На дводневната конференција во Белград, во организација на порталот Балкан Грин Енерџи Њуз (Balkan Green Energy News) се очекуваат околу 400 учесници од 150 компании, организации и институции од 26 земји.


Повеќе од 50 говорници, водечки имиња во енергетскиот сектор во Југоисточна Европа, ќе разговараат за најактуелните енергетски теми во Србија и регионот.

На конференцијата ќе се разговара за актуелни теми во енергетскиот сектор, како што се стратегијата на земјите од регионот за забрзување на енергетската транзиција, декарбонизацијата на индустријата и бизнисот како одговор на Зелената агенда и оданочувањето на јаглерод диоксид, како и можни решенија за надминување на предизвиците на преносните мрежи.


На конференцијата ќе присуствуваат и најголемите инвеститори во обновливи извори на енергија кои развиваат повеќе од 20 гигавати ветер и соларен капацитет во регионоткако и водечки технолошки и софтверски компании во енергетскиот сектор.

мс/фото: МИА архива .


Извор: МИА