За велигденските празници, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

20

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека за време на велигденските празници, односно од утре (3.05.2024 година) до понеделник (6.05.2024 година), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои денеска (3.05.2024 година) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Утре (03.05.2024 година) и в недела (05.05.2024 година), од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

В сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а в недела (6.05.2024 година) за сите е неработен ден.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник (06.05.2024 год.), другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Од ЈСП потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.