Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

54

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.

Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.

Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.

Тој укажа на недостигот од артилериска муниција во украинските сили, додавајќи дека сојузниците на Украина доцнат со испораките и покрај нивните напори, пренесува Танјуг.