Крадци во Загреб разнеле банкомат: Од силната експлозијата летнал сред улица

49
Фото: Илустрација

Од експлозија рано утринава бил оштетен банкомат во месноста Пешченица во Загреб, соопшти загрепската полиција, а од силната детонација банкоматот летнал на улица.

Повеќе информации се очекуваат по тековната кривична истрага.

Според полицијата, експлозијата била предизвикана околу 3 часот и 45 минути во месноста Пешченица, во Вукомерц, пишува Индекс.

„Ме разбуди силна експлозија околу 4 часот наутро, ни се тресеа прозорците! Скокнав од креветот, но ништо не можев да видам низ прозорецот. Подоцна дознав дека некој го разнел банкоматот лоциран во обложувалницата“, изјавил за порталот 24 сата еден од жителите на тој дел на Загреб.