САД го зедоа Советот за безбедност на ОН како заложник

Советот за безбедност на ОН е заложник на американската политика во однос на тековната борба на Блискиот Исток, изјави rускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензија  за време на дебатата на Генералното собрание на ОН за ветото на Вашингтон на обидот на Палестина да се приклучи на меѓувладината организација.

Москва „длабоко жали“ за одлуката што ја донесоа американските власти во средината на април да ја отфрлат алжирската резолуција со која се повикува државата Палестина да стане полноправна членка на Обединетите нации, нагласи Небензија во средата.

Активностите на Вашингтон „апсолутно не ја одразуваат принципиелната позиција на преостанатите членки на Советот за безбедност на ОН, кои во текот на изминатите шест месеци, всушност, станаа заложници на САД кога станува збор за настаните на Блискиот Исток“, рече тој.

Зборувајќи за воената операција на Израел во Газа, амбасадорот истакна дека „насилството генерира повеќе насилство, а овој маѓепсан круг може да се прекине само ако се постигне безусловен прекин на огнот и ако се започнат суштински дискусии за можноста за праведно политичко решение“.

За да се постигне мир меѓу Израелците и Палестинците, „мора да се создадат одредени услови. Убедени сме дека членството на Палестина во ОН е едно од нив. Ова би ги изедначило почетните преговарачки позиции на страните“, објасни Небензија.

Заменик-претставникот на Вашингтон во ОН, Роберт Вуд, ја бранеше одлуката да се стави вето на кандидатурата на Палестина за полноправно членство, потсетувајќи дека американскиот претседател Џо Бајден поосчил дека „ одржливиот мир во регионот може да се постигне само преку решение со две држави, со загарантирана безбедност“.

САД гласаа „не“ за резолуцијата затоа што палестинската управа, која го контролира Западниот Брег, не ги спроведе потребните реформи и затоа што „Хамас – терористичка организација – во моментов е на власт во Газа“, рече тој.

„Предвремените акции овде во Њујорк [каде се наоѓа седиштето на ОН], дури и со најдобри намери, нема да постигнат државност за палестинскиот народ“, инсистираше Вуд.

Израел се приклучи на ОН во 1949 година, една година по создавањето на Израел. Палестина аплицираше за полноправно членство во 2011 година, но досега има само статус на „Постојана држава набљудувач“ во организацијата.

Бројот на загинати од тековните воздушни напади на Израел и копнената офанзива во Појасот Газа веќе достигна 34.568 лица, додека други 77.765 се ранети, според Министерството за здравство на палестинската енклава.