Во рамките на СП, ШФМ ги презентираше своите достигнувања и искуства со проектот „Шах во школите“, за што доби отворена поддршка од претседателот на ФИДЕ, Дворкович, информираат од ШФМ

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ ВО ЗАБРЗАН И БРЗ ШАХ

Во Драч, Албанија, заврши Светското првенство (СП) во забрзан (15 минути плус 15 секунди) и брз шах (пет минути плус три секунди), 11 кола, во категориите до осум, 10 и 12 години (момчиња и девојчиња), на кои учествуваа вкупно 375 деца од 43 држави. Меѓу нив и осум претставници од Македонија.
Резултати, забрзан шах: до 12 години: Илијана Велева 39-то место, 4,5 поени. До осум години: Јован Јовановски 42., 4 поени. До 10 години: Ахмет Селим Абдурахман 34-ти, 6 поени, Дамјан Николовски 85-ти. До 12 години: Даниел Стефановски 30-ти, 6 поени, Никола Петровски 50-ти, 5 поени, Лука Симоноски 66-ти, 4,5 поени, Габриел Марковски 77., 3,5 поени. Резултати, брз шах: Велева 40-та, 5 поени, Јовановски 40-ти, 5 поени, Абдурахман 46-ти, 5,5 поени, Николовски 66-ти, 4,5 поени, Стефановски 43-ти, 5,5 поени, Петровски 46-ти, 5,5 поени, Симоноски 60-ти, 5 поени, Марковски 85-ти, 3,5 поени.
– Во рамките на СП, а по покана на претседателот на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), Аркадиј Дворкович, на официјалната вечера присуствуваа и претседателот на Европската шаховска унија (ЕЦУ), Зураб Азмајпарашвили, како и видни шаховски претставници од Англија, Турција, Узбекистан, Туркменистан, Албанија, меѓу кои и потпретседателот на ШФМ, Агим Шемсиу, и членот на УО на ШФМ, Зоран Стојчевски. За време на вечерата се разменија мислења, искуства и идеи за развој на шахот, како и мислења за унапредување на играта и натпреварите. ШФМ ги презентираше своите достигнувања и искуства со проектот „Шах во школите“, за што доби отворена поддршка од Дворкович. ШФМ воспостави и директни контакти со шаховските федерации на Туркменистан и Узбекистан, со кои начелно беше договорена размена на играчи на турнирите организирани во овие земји, размена на тренери и заеднички кампови – информираат од ШФМ. Г.И.