Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, велат од СП, даваме безрезервна поддршка на Тошковски

Синдикат на полиција во Македонија јавно ја дава својата безрезервна поддршка на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Прв Министер за внатрешни работи кој јавно проговори за зголемување на професионалноста во Полицијата.

Прв Министер за внатрешни работи кој јавно проговори дека платите во МВР се на дното споредбено со другите професии.

Прв Министер за внатрешни работи кој јавно прозва дека професијата Полицаец е една од најпотценетите професии.

Прв Министер за внатрешни работи кој јавно призна дека за да имаме достоинствен полицаец истиот мора да има достоинствена плата.

Прв Министер за внатрешни работи кој јавно изјави дека е потребна итна реорганизација и промена на систематизацијата.

Министре Панче Тошковски, како Синдикат на полиција во Македонија поаѓајќи од фактот што токму за тоа се залагаме како Синдикат и од причина што јавно проговоривте за состојбата на платите во Полицијата дека се мали и недостоинствени, како Синдикат ЈА ДАВАМЕ БЕЗРЕЗЕРВНО НАШАТА ПОДРШКА.

Сметаме дека во иднина ќе останете доследен и за многу брзо време ќе почнете да го остварувате кажаното.

Уште еднаш се додека се борите за враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА, ја имате нашата подршка.