СОЗДАДЕН 3-Д МОДЕЛ НА ЛИЦЕТО НА НЕАНДЕРТАЛСКА ЖЕНА КОЈА ЖИВЕЕЛА ПРЕД 75.000 ГОДИНИ

    СОЗДАДЕН 3-Д МОДЕЛ НА ЛИЦЕТО НА НЕАНДЕРТАЛСКА ЖЕНА КОЈА ЖИВЕЕЛА ПРЕД 75.000 ГОДИНИЧерепот врз кој беше направен моделот бил пронајден во пештерата Шанидар во ирачки Курдистан (Фото: Би-Би-Си)

    Научниците создадоа неверојатна реконструкција на лице на неандерталска жена, покажувајќи како таа изгледала кога била жива пред 75.000 години. 

    Реконструкцијата е заснована врз искршени остатоци од череп, чии коски биле толку меки кога биле ископани што имале конзистенција на „добро натопен бисквит“. Истражувачите прво морале да ги зајакнат парчињата пред да ги спојат, по што бил создаден 3-Д модел.

    Ова е дел од документарната серија на Би-Би-Си, „Тајните на Неандерталците“, снимена за „Нетфликс“, која истражува колку знаеме за нашиот древен роднина, кој исчезнал пред 40.000 години. Оваа реконструкција им дава лице на тие луѓе.

    Черепот врз кој беше направен моделот бил пронајден во пештерата Шанидар во ирачки Курдистан. Во 1950-тите таму биле пронајдени остатоци од најмалку десет неандерталски мажи, жени и деца.

    Кога британски тим добил покана да се врати, тој наишол на нов скелет наречен Шанидар 3, кој се состоел од поголем дел од горниот дел на телото, вклучувајќи ги рбетот, рамената, рацете и нозете. Тие го нашле и черепот, но смачкан во слој дебел два сантиметри, откако врз него веројатно паднала карпа од пештерата.

    Черепот беше рамен како пица. Потоа имавме неверојатно патување до она што го имаме денес“, изјави археологот Грем Бејкер, кој ги водеше новите ископувања во Шанидар.

    Со дозвола од локалните власти, парчињата череп биле донесени во Велика Британија, по што биле подложени на сложен процес на стабилизирање и составување, што траело повеќе од една година. Обновениот череп бил површински скениран, по што холандските уметници Адри и Алфонс Кенис го создале 3-Д моделот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира