Села: ВЛЕН го заборави Курти и сега му аплаудира на Мицкоски

by Fokus

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјавил дека е загрижен што коалицијата ВЛЕН „аплаудира на антиалбанските изјави на Христијан Мицкоски“, пишува „Газета Експрес“. Тој додал дека ВЛЕН сега го „заборави“ косовскиот премиер Албин Курти и дека го користат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Села, неговиот довчерашен сопартиец, Арбен Таравари, сега зборува како „тие да се оружјето на Мицкоски“.

„Начинот на кој ВМРО во моментов е претставена е обид да се насочи албанскиот глас кон ВЛЕН, но и да се врати услугата на Таравари, бидејќи ВМРО и ВЛЕН соработуваа во своја корист. Кандидатурата на господинот Таравари не беше со благослов, затоа што тогаш побегна и се однесуваше како поединец кој треба да слуша наредби. Се чини дека Таравари е заложник на Мицкоски“, рекол Села.

 

Поврзани новости