Пад на Волстрит, каматните стапки на Fed остануваат непроменети

На Волстрит, индексите S&P 500 и Nasdaq индексот паднаа во средата, откако челниците на американската централна банка Федералните резервви (Federal Reserve – Fed) ги оставија каматните стапки непроменети, бидејќи оваа година немало напредок во намалувањето на инфлацијата.

Индексот Dow Jones зајакна 0,23 отсто, на 37.903 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,34 отсто, на 5.018 поени, а индексот Nasdaq 0,33 отсто, на 15.605 поени.

По дводневната средба, челниците на Fed вчера одлучија да ги остават непроменетите основни каматни стапки во опсегoт од 5,25 до 5,50 отсто, бидејќи, како што порачаа во соопштението за медиумите, нема натамошен напредок по прашањето на инфлацијата.

Во еден момент индексите значително пораснаа, откако претседателот на Fed, Џером Пауел на прес-конференцијата изјави дека е малку веројатно натамошно зголемување на каматните стапки. Сепак, индексите набрзо ги загубија тие добивки, бидејќи и онака никој долго време не ја спомнуваше можноста за дополнително зголемување на каматните стапки.

А што се однесува до намалувањето на каматните стапки, сѐ помалку е веројатно дека Fed ќе се одлучи за такво нешто пред есента. Од почетокот на годината, берзанските индекси на најголемата светска берза силно пораснаа врз основа на очекувањата дека Fed aграресивно ќе ги намали каматните стапки оваа година, најдоцна во јуни. Сепак, бидејќи стана јасно дека тоа се преоптимистички очекувања, во април индексите значително паднаа.

Освен Fed, во фокусот на инвеститорите деновиве се и кварталните деловни резултати на компаниите. Досега, околу 310 компании од индексот S&P 500 ги објавија резултати, а 77 отсто од нив пријавиле поголема заработка од очекуваната. Поради ова, аналитичарите во истражувањето на Reuters сега проценуваат дека заработката на компаниите во првиот квартал е зголемена за 6,6 отсто во однос на истиот период лани, додека пред еден месец се очекуваше раст на заработката од 5,1 отсто.