Променливо облачно, попладне нестабилно со дожд

Во четвртоот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта.

Утринскитет температури се движат од 5 во западните повисоки региони до 12 степени на крајниот југ, додека во текот на денот соодветно највиоките ќе бидат во интервалот меѓу 13 и 26 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Температурата ќе се искачи до 23 степени.