Големи нереди во Истанбул за 1 мај, демонстранти тепаа полицијаци, им ги кинеа штитовите

310

Турската полиција употреби солзавец врз демонстрантите за да ја прекине парадата на Меѓународниот ден на трудот на симболично важниот плоштад Таксим во Истанбул. На плоштадот се собраа илјадници демонстранти, а протестите траат со часови.

На снимката на турскиот Си-Ен-Ен се гледаат постапките на полицијата и тепачката што избила меѓу полицијата и демонстрантите. Безбедносните сили во неколку линии го блокираа патот кон плоштадот Таксим, а министерот за внатрешни работи Али Јерликај изјави дека се приведени 210 лица, пренесе индекс.хр.

На видеата се гледаат и демонстранти како ја тепаат полицијата и им ги кинат штитовите.

Властите вчера забранија собири и протести на плоштадот Таксим и опколија голема површина во центарот на градот со образложение дека тоа е направено од безбедносни причини. Плоштадот Таксим во центарот на Истанбул има симболично значење за синдикатите и за опозицијата.