Курти држи страна: Динарот на Косово му припаѓа на минатиот век

70

Курти во поткастот и документарниот филм на Би-Би-Си, со наслов „Косово – евро или пропаст“, повтори дека Владата на Косово ја почитува одлуката на нејзината Централна банка која го дефинира еврото како единствена официјална валута.

„Според нашиот Устав, Косово може да има само едно платежно средство. Ние го кажуваме само тоа што го кажува Уставот. Динарот е на минатиот век и на Милошевиќ, па ако Србија го сака динарот не може да ни го наметне. Мора да се бориме против незаконските дејствија, да ја спречиме можноста за финансирање тероризам, да знаеме кој испраќа пари, за кого, каде и за каква цел“, рече Курти.

 

Тој посочи дека „Вада Косова“ не претставува опасност за српското малцинство и дека мнозинството од српското малцинство ја прифаќа Република Косово како своја држава.

„Мораме да го спречиме Белград да ги малтретира. Нема опасност за косовските Срби од мојата Влада. Не можеме да дозволиме ниту еден поединец или група да стане помоќен од државата. Државата е правна држава за сите“, рече Курти, пренесува Косово онлајн.