ГАЈЛЕ МИ Е ШТО МИСЛЕЛЕ РАБОТНИЦИТЕ ВО ЧИКАГО, МОРА ДА СЕ РАБОТИ И ПОВЕЌЕ ОД 40 ЧАСА НЕДЕЛНО, КАЖА ВУЧИЌ

    ГАЈЛЕ МИ Е ШТО МИСЛЕЛЕ РАБОТНИЦИТЕ ВО ЧИКАГО, МОРА ДА СЕ РАБОТИ И ПОВЕЌЕ ОД 40 ЧАСА НЕДЕЛНО, КАЖА ВУЧИЌВучиќ вели дека нема да дозволи да се воведе седумчасовно работно време во Србија (Фото: Танјуг)

    Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли можноста во Србија да се воведе седумчасовно работно време, откако вакво нешто беше најавено во Црна Гора.

    Додека јас сум претседател и имам некакво влијание во Српската напредна партија можете да заборавите на тоа. Уште малку, па воопшто нема да се работи. Сите се доближивме до тоа. Видете колку одмор имаме“, кажа Вучиќ.

    Според него, луѓето треба да работат и повеќе од 40 часа неделно.

    За среќа, мојот мандат набрзо истекува, па вие изберете ги тие паметни луѓе кои не сакаат ништо да работат, а сакаат земјата да оди напред. Како е можно за 35 часа да се одработи исто колку за 40 часа? Мислам дека работното време од 40 часа е малку и гајле ми е што мислеле работниците во Чикаго. Луѓето мора да работат повеќе“, кажа Вучиќ.

    Тој прогнозираше дека трендот на намалување на работното време ќе продолжи, па на крајот ќе се работи само 24 часа неделно.

    Како можете за 24 часа да наберете исто јагоди како за 40? Јас нема да го поддржам тоа. Никој ништо не би работел, а сите сакаат да живеат убаво и да летуваат на Малдиви и Сејшели“, кажа Вучиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира