Поради поддршка на Хамас, британски полицаец е обвинет за терористички престап

24
Британски полициски службеник е обвинет за терористички престап поради наводно објавување на слика за поддршка на милитантната палестинска група Хамас, соопшти денеска британската полиција. Мохамед Адил, 26-годишник од Брафорд е уапсен минатиот ноември и е обвинет по истрага на британските антитерористички служби, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Надзорното тело на полицијата, Независната канцеларија за полициска дејност, соопшти дека истрагите биле сосредоточени на пораките кои се споделувани по пат на апликаиите ВоцАп и е донесена одлука дека случајот да се проследи до обвинителството.

„Во понеделникот полцискиот службеник Мохамед Адил (26) е обвинет за два случаи на објавување слики за поддршка на забранетата организација, поточно на Хамас, спротивно на членот 13 во Законот за тероризам.

Овие дека се наводно извршени во октомври и ноември 2023 година“, се наведува во сооштението на Независната канцеларија за полициска дејност, а пренесува Танјуг.