Шерон Стоун (66) воодушеви со својот изглед на црвениот тепих во Њујорк

by Fokus

Шерон Стоун го привлече вниманието на галата за наградата Чаплин во Њујорк, каде го поддржа својот колега Џеф Бриџис, кој ја доби наградата.

Таа пристигна во црн фустан со светки, кој го комбинираше со црн и златен накит.

Настрана од актерските достигнувања, Стоун често се појавува на насловните страници поради нејзината неверојатна убавина и впечатлива фигура.

И на 66-годишна возраст, актерката сè уште изгледа неверојатно, а нејзиниот младешки изглед го припишува на посветеноста на здрав начин на живот и внимателен избор на исхрана.

Стоун редовно консумира храна со низок гликемиски индекс како што се леќата и киноата.

Освен тоа, актерката постојано нагласува дека речиси никогаш не ги прескокнува оброците, особено појадокот.

„Мојот омилен појадок е свежа лубеница со фета сирење и нане, маслиново масло, сол и бибер. После тоа, обично јадам парче тост без глутен и пијам билен чај”, изјавила таа еднаш за Wall Street Journal.

Поврзани новости