fbpx

Како ПРАВИЛНО да ги складираме ЈАТКАСТИТЕ ПЛОДОВИ?

tonus

Знаеме дека јаткастите плодови се сметаат за еден од најдобрите извори на здрави масти. Тие треба редовно да се застапени во нашата исхрана, бидејќи со нивниот импресивен нутритивен состав нудат низа на здравствени придобивки. Како храна која е богата со омега-3, односно со незаситени масти, тие се сепак подложни на малку побрза оксидација, односно ужегнување. Токму затоа, денес ќе зборуваме како јаткастите плодови треба да се чуваат правилно.

 

Зошто се толку здрави јаткастите плодови?

Различните јаткасти плодови се нераскинлив дел од она што значи здрав начин на исхрана. Станува збор за плодови со извонредна микро, но и макронутритивна вредност. Тие се извор на бројни витамини, минерали, фитохемикалии, квалитетни протеини и здрави маснотии. Ваквиот извонреден состав овозможува јатките да имаат бројни корисни здравствени ефекти. Покрај тоа, станува збор за храна со висок вкусов интензитет!

Ќе наведеме само неколку многу важни здравствени бенефити:

"“Online”/
  • Антиоксидативно и антивоспалително дејство
  • Подобро дигестивно здравје
  • Поздраво срце и крвни садови
  • Помлада кожа
  • Подобра контрола над крвниот шеќер
  • Превенција од дијабетични нарушувања
  • Намалување на холестеролот и триглицеридите

[Поврзано: Кој вели дека здравата храна не може да биде и вкусна – 10 примери за здрави грицки]

 

Храна богата со масти, но сепак корисна за здравјето и телесната тежина!

Сите јаткасти плодови се богат извор на енергија (калории). Главната причина е нивниот состав, односно маснотиите. Еден грам масти содржи 9 калории, додека еден грам протеини или јаглехидрати – 4.

Во најголема мера, јатките содржат незаситени масти тип маснотии што се смета за здрав и ги обезбедува повеќето позитивни ефекти кои претходно ги споменавме.

[Поврзано: Кои МАСТИ се добри, кои лоши, а кои најлоши?]

Поради нивните масти, односно високите калориски вредности, јатките често се сметаат за храна што треба да се избегнува, особено ако се обидуваме да слабееме. Но, науката го вели сосема спротивното. Јаткастите плодови не треба да се избегнуваат, а најмалку кога се обидуваме да слабееме. Во продолжение, повеќе за причините зошто е ова случај.

[Поврзано: Лешник – јаткаст плод со извонредна хранливост]

 

Како правилно да ги складираме јатките?

Како што споменавме, поради нивниот богат состав со незаситени масти, јатките се повеќе подложни на промени при складирањето. Тука главно ќе го споменеме т.н „ужегнување“ односно оксидација на незаситените масти во соединенија кои се непосакувани и дури штетни за здравјето. Побрзата оксидација на незаситените масти се должи на нивната хемиска структура, односно фактот дека овој тип масти се генерално помалку стабилни при долги периоди на складирање. 

Главните фактори кои влијаат на оксидацијата се: температурата на чување, изложеноста на воздух (кислород) и светлина. Повисоките температури, изложеноста на кислород и на светлина ја забрзуваат оксидацијата на јатките.

Поради овие три параметри, идеално би било доколку јатките се чуваат на темно, на поладно и како нелупени и немелени. Честа грешка што ја прават луѓето е што ги чуваат јатките како излупени и мелени, во сад кој не е херметички затворен, односно има редовно изложеност на воздух и на тој начин јатките оксидираат доста побрзо. Доколку овој сад е ставен покрај прозорец, тие ќе оксидираат уште побрзо, без разлика дали на тој прозорец има или нема директна сончева светлина.

Значи, препорачливо е јатките да ги чуваме како нелупени (да ги излупиме и евентуално мелеме непосредно пред употребата), да ги чуваме на темно и да бидат складирани или во замрзнувач или во фрижидер доколку се чуваат подолг период. За пократок период на складирање, доволно е да ги чувате на пониска собна температура, но сепак обидете се да користите садови за складирање кои херметички се затвораат. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор