ЈОКИЌ МУ ГО ЗАМАТИ УМОТ: Леброн немаше одговор на прашањата на новинарите

141
EPA-EFE/ALLISON DINNER

По поразот од Денвер, на прес-конференцијата Леброн Џејмс беше запрашан дали тоа е неговиот последен натпревар за Лејкерси.

– Го ценам вашето прашање, но одбивам да одговорам – рече Леброн и додаде:

– Само сакам да си одам дома кај моето семејство. Искрено, едно од моите момчиња се обидува да одлучи дали да се пријави на драфт или да се врати на училиште. Другото дете моментално игра ААУ кошарка. Ќерка ми игра одбојка. Мојата сопруга прави многу големи работи. Значи, сега се работи за семејството. Потоа, за неколку месеци, треба да одам во Вегас на тренинг камп. Па морам да го одморам телото за Олимпијадата – изјави Леброн.

За прв пат по две децении, второто коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот ќе помине без водечките играчи во последните години Леброн Џејмс, Стеф Кари и Кевин Дурент.

Лејкерс на Џејмс и Феникс на Дурент испаднаа во првото коло.

Голден Стејт на Кари не успеа да се пласира во плејофот, губејќи во првиот плејин натпревар.

Пласман во плејофот досега изборија Оклахома Сити тандерс, Денвер нагетс и Минесота тимбервулвс.