Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

50
EPA-EFE

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.