Жители на Кладово сведочат за силниот земјотрес: „Истрчавме надвор, мислевме мебелот ќе не поклопи“

1582
Фото: Сеизмолошки завод Србија

Земјотресот беше многу силен. Кратко, но силно, вели вознемирената жителка на Кладово, која утрово ја разбудил силен земјотрес, во 05:42 часот.

Како што опишува преплашената жена за Телеграф,рс, земјотресот ја преплашил и неа, но и останатите жители на Кладово.

– Мислев дека мебелот ќе ме поклопи. Немаше време за бегање никаде. Се тресеше многу – вели Мила Петрович од Кладово, за српските медиуми и додава:

– За среќа беше кратко. Кога се смири, излегоа сите на улица – вели таа.

Земјотресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала со епицентар кај Текија, на длабочина од 11 километри.

Колку бил силен земјотресот сведочи и фактот што бил почувствуван во Заечар, Неготин, Долни Милановац, Бор и други градови на истокот на Србија, а некои граѓани го почувствувале и во Ниш.

„Се почувствува земјотрес, се тресеше мебелот во куќата“, „Навистина се почувствува“, „Бев во кревет кога го почувствував тресењето“, напишаа граѓаните.