Печалбата во Арабија продолжува: Трио на Манчестер Јунајтед на мета!

382
EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Патот на Саудиска Арабија во изминатиот период го минаа голем број познати имиња од светот на фудбалот, а како што изгледа таа бројка може да биде и поголема.

Според медиумите од Англија, Ал Итихад и Ал Наср се заинтересирани за тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед и тоа Рафаел Варан, Арон Ван-Бисака и Касемиро.

Според информациите, Јунајтед соопшти дека сите тројца се на продажба, но само доколку добијат задоволителни понуди.

„Ѓаволите“ за споменатата тројка потрошија повеќе од 150.000.000 евра, а во последно време евидентно е дека ниту еден од нив не е во одлична ситуација.

Варан не е во најдобри односи со тренерот Тен Хаг, Касемиро е на удар поради слабата форма, а Ван Бисака беше на пазарот и минатата сезона.

Сепак, нема информации за обештетување, но нема сомнеж дека Арапите нема да имаат проблем да издвојат каква било бројка.