ПОВЕЌЕ

    Во блок трансакција купени 50% од главнината на „Лајон Инс“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Блок трансакција вредна над 169 илјади евра е реализирана со акции на друштвото за застапување во осигурување „Лајон Инс“ АД Скопје. Со купениот пакет од 750 обични акции, познат инвеститор си обезбедил сопственост на 50 проценти од основната главнина.

    Во информацијата објавена на Македонска берза е наведено дека трансакцијата е во износ од 10.411.500 денари. Купувачот платил по 13.882 денари за акција, чија номинална вредност е десет евра.

    „Лајон Инс“ е компанија која развива продажна мрежа за осигурување, преку организирање сопствени продажни канцеларии. Во градовите низ државата е присутна преку овластени застапници. На пазарот е активна веќе 12 години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично